Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, добил неверојатна понуда од Ферари од 50 милиони евра, пишуваат британските таблоиди.
Асот на Мерцедес веќе неколку месеци се поврзува со Скудерија. Факт е дека Луис Хамилтон пред извесно време изјави дека сон на секој возач е да вози за Ферари, но и инсистираше дека кариерата ќе ја заврши во Мерцедес.
Договорот на Луис со Мерцедес истекува на крајот од сезоната, а покрај позитивните вибрации меѓу него и тимскиот шеф Тот Волф, немаше традиционално најава за нов договор.
Во Ферари пак врие. Првиот возач на тимот, Леклер, е многу незадоволен од тоа што италијанскиот тим и оваа сезона не направи шампионски болид.
| Gazzetta reports that Lewis Hamilton has received an offer to join Ferrari.
However, the matter is complicated. pic.twitter.com/9zcdMCwm6w
— Ferrari News (@FanaticsFerrari) May 22, 2023
Момчето од Монако со години се поврзува со Мерцедес, а аналитичарите од Италија му порачуваат дека треба да биде трпелив и потсетуваат дека Михаел Шумахер помина четири долги сезони во Маранело, пред да се создаде моќниот болид со кој доминираше со години.
Британските таблоиди тврдат дека претседателот на Ферари, Џон Елкан е во близок контакт со Луис Хамилтон. Повторно прашање е дали трансферот на Британецот е сигурен, бидејќи Шарл Леклер и Карлос Саинц Јуниор имаат валидни договори и за сезоната 2024.
На прашањето за гласините за Мерцедес на трката во Мајами, Шарл Леклер рече:
,,Навистина нула! Сите сте насмеани затоа што не ми верувате, но ветувам… Јас сум целосно посветен на Ферари и го сакам Ферари. Отсекогаш ми бил сон да бидам дел од овој тим. За мене главен приоритет е да станам Формула 1 шампион во Ферари. Затоа не размислувам за заминување, дециден беше Леклер.
The post Хамилтон доби понуда која не се одбива – Британецот пред заминување од Мерцедес!? first appeared on .
Powered by WPeMatico