Синоќа дел од камионите на „Комунална хигиена“ со полициска асистенција излегоа да чистат во Скопје, бидејќи тие одбиваа да ги празнат контејнерите.
Дел од скопските градоначалници се самоорганизираа и со помош на други градови собраа дел од насобраното ѓубре.
Скопје е во комунален колапс од 7 јули поради штрајк на вработени во јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Вработените, како главна причина за штрајкот го наведуваат отпуштањето на дел од работниците во претпријатието, барање за зголемување на платите, исплата на К-15 и бенефициран работен стаж. Вчера, со полициска асистенција, дел од камионите на претпријатието излегоа да го чистат главниот град.
Градоначалничката Данела Арсовска по дводневаната кризна ситуација со ѓубрето низ улиците доцна синоќа организираше состанок на кризниот штаб и го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад протетсите во Комунална Хигиена и ги политизира.
Прстот за проблемот го впери во Мицкоски велејќи дека сака да профитира со ситни политички поени покажувајќи се себе си дека тој ги решава проблемите на граѓаните.
„Ваквите политичари, рече Арсовска, се ѓубрето кое треба да се исчисти“.
ВМРО-ДПМНЕ утрово излезе со реакција за состојбата во која се најде Градот Скопје и бара оставка од градонаќалничката Арсовска.
” Деструктивна и криминална до коска, Арсовска веднаш да си даде оставка.Неспособноста на Арсовска беше закана за масовна зараза во Скопје, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и го чистеа ѓубрето. Со денови не се собира ѓубрето во Скопје поради неспособноста на Арсовска и градската власт. Вчера во текот вечерта и доцна во ноќта екипи формирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со екипи и механизација од градови од внатрешноста помогнаа значаен дел од ѓубрето наталожено со денови да се исчисти од улиците.Но неспособноста и примитивизмот на Арсовска немаат граница, а тоа се виде кога нејзиниот директор во ЈП Дрисла одбиваше да го прими ѓубрето однесено со камиони. Фрустрациите на Арсовска веројатно одат до таму, што не само е неспособна, туку не може да се носи со фактот што градочалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои управуваат со далеку помали системи на локална организација успеаја да го решат проблемот кој таа го создаде. За фрустрациите и другите состојби на Арсовска и порачуваме, дека не можеме да и помогнеме, за тоа има други институции, но за Скопје е најдобро да си даде оставка, и тоа што побрзо.”
Од СДСМ утрово побараа Мицкоски да ги повика неговите кадри да го соберат ѓубрето во Скопје
“Неспособната локална власт на ДПМНЕ создаде хаос со ѓубре во Скопје.
Кога Мицкоски бараше гласови од граѓаните за ДПМНЕ заедно со неговата Арсовска ветуваа модерно Скопје но скопјани добија загаден, нечист и нефункционален град.
Вперувањето прст кон некој друг не може да го спаси Мицкоски од одговорност. Лично тој славаше со Арсовска пред Белата палата на денот на изборите, ДПМНЕ го има мнозинството во советот, управните одбори се сите во рацете на ДПМНЕ.
Дури и Мазнева е негов кадар, поранешна пратеничка на ДПМНЕ која на директорското место дојде од кабинетот на Мицкоски каде што беше советничка.
Наместо да бега, Мицкоски да си ги повика неговите кадри да го соберат ѓубрето во Скопје, да го решат проблемот. Скопјани ова не го заслужуваат.
Со чистење на ѓубре Мицкоски и ДПМНЕ не можат да се снајдат а не со нешто повеќе.
Каков развој, каква модернизација, Скопје е заглавен град во хаос и тоа е секогаш кога ДПМНЕ ќе добие шанса да води локална власт.
Неработа, неспособност, раце во медот, тоа се одликите на ДПМНЕ и Мицкоски. А за тендери видовме како се караат по телевизии за рацете во медот.”- реагираа од СДСМ.