Харадинај на условна слобода во Франција

Сподели

Судот во Колмар одлучи условно да го ослободи Рамуш Харадинај, кого француските власти го притворија на 4 јануари на аеродромот во Базел, по потерница од Србија за воени злосторства, извршени во текот на 1998 и 1999 година, соопшти неговиот адвокат Арианит Кочи, кој присуствувал на денешното рочиште.

Харадинај нема да може да ја напушти Франција и ќе мора два пати неделно да се јавува во француската полиција.
Судот донел ваква одлука на барање на одбраната на Харадинај. Барањето следеше откако судот претходно одлучи Харадинај да остане во притвор до службеното барање на Србија.

Во меѓувреме, неговите адвокати побараа условно ослободување, а Србија и официјално поднесе барање за екстрадиција, заедно со документацијата врз основа на која Франција ќе одлучува за испорачувањето.

Во Косово претходно се одржаа протести, на кои граѓаните бараа ослободување на Харадинај.

Собранието на Косово, кое заседаваше на 10 јануари и кое на дневен ред имаше резолуција за Харадинај, по 11 часа расправа не донесе никаков заклучок.

meta.mk