Хелсиншки комитет го осуди говорот на омраза и насилството на навивачката група „Балисти“

Сподели

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија најостро го осудува вчерашниот инцидент во Тетово предизвикан од припадници на навивачката група „Балисти“.

– На објавените видеа од случувањата на тетовските улици на 4 ноември 2018 година, се слушаат песни и извици, каде е забележан говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и извршување на дело од омраза, односно фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости, наведуваат од Хелсиншкиот комитет.

Хелсиншкиот комитет нагласува дека со посебно внимание ќе го следи разрешувањето на овој инцидент и ќе бара најстроги казни зa дела од омраза и говор на омраза, чија цел е предизвикување меѓуетнички тензии и насилство.