Борбата против партизацијата на државните институции и царувањето на непотизмот кои што со децении беа пракса која што ја спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ продолжува.
СДСМ заедно со граѓаните работи во насока конечно да се променат работите во нашето општество и се случуваат процеси кои не биле возможни во минатото.
Поради морални и етички причини од работните места веќе се повлекоа членови на семејствата на претставници на СДСМ.
Тие што ги преполнија државните институции со партиски кадри и роднини, ВМРО-ДПМНE, молчат.
Наместо да молчи Христијан Хидро Мицкоски да ги повика роднините вработени во државни компании и јавната администрација од морални причини.
Мицкоски да го повика неговиот прв братучед Горан Манасиевски да се повлече од ЕЛЕМ турс.
Граѓаните знаат дека Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ а во оваа компанија вработени се и сопругот на неговата лична партиска секретарка но и Косана Мазнева, која е дел од неговиот партиски кабинет.
Вистинско олицетворение на хидро непотизмот.
Не изостанува ниту вработувањето на неговата сопруга во гимназијата Орце Николов во Скопје.
Но , вистински пример за класичен непотизам е самиот Мицкоски , уште во времето кога беше асистент на својот татко на Машинскиот факултет.
Христијан Мицкоски време е да ги повика своите роднини и роднините на своите сопартијци да се повлечат од работните места кои им биле обезбедени за време на 11 години расипничко владеење.
Ако Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат борба против непотизмот треба да започнат од своите редови, нека почне повлекувањето, во име на борбата против непотизмот во нашата земја – се вели во соопштението на СДСМ.