ХК на семинар „Полицијата што работи во диверзитетни општества“ во Стразбур

Сподели

 

                                                                                                                                                                                                                                                                    Од 24 до 26 октомври, во организација на Генералниот директорат за демократија и човечко достоинство при Советот на Европа во Стразбур, се одржа регионален семинар за претставниците на органите за спроведување на законот  од Западен Балкан и потписници на Источното партнерство.

На семинарот „Полицијата што работи во диверзитетни општества“,  Хелсиншкиот комитет за човекови права го претставуваше правната советничка Славица Анастастасовска.

Со овој настан започнуваат активности поврзани со улогата на органите за спроведување на законот кои работат со различни ранливи и малцински групи во општеството. Активностите се планирани во рамките на двата европски заеднички проекти на Советот на Европа „Промовирање на еднаквоста и борба против расизмот и нетолеранцијата во Западен Балкан“ имплементиран во рамките на „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Туркие III“ програмата и „Промовирање на еднаквост и недискриминација: кон поотпорни и инклузивни општества“, спроведена во рамките на програмата „Партнерство за добро владеење“.

Целта на овие активности е да се зајакне полициското работење и полициската администрација за борба против дискриминација, омраза, расизам и нетолеранција во согласност со европските стандарди, особено на оние држави кои преговараат за пристапување кон Европска унија.

Целите на овој специфичен регионален семинар беа:

  • да ги запознае полициските службеници со стандардите и најдобрите практики на Советот на Европа за реагирање при расизам и расна дискриминација;
  • да се формира генерација на идни полициски обучувачи за борба против расизмот во Западен Балкан и источното партнерство, во согласност со „Прирачникот за полиција на Советот на Европа за едукација за еднаквост и недискриминација“;
  • да се обезбеди унапредување на промовирањето на различноста и еднакв
    оста на регионално ниво, во рамките на програмите за Хоризонтален фонд и Источно партнерство;
  • да се зајакне соработката меѓу органите за спроведување на законот и граѓанските организации кои работат на прашања за еднаквост и недискриминација, подобро да се одговори на идните закани против различни малцинските заедници, вклучувајќи лезбејки, геј, бисексуалци и трансродови заедници, лица со попреченост, различни етнички/верски заедници, вклучително и Роми, и да обезбеди идно вмрежување и синергии.