Холандија ќе расправа за започнување на преговори на С.Македонија и Албанија

Сподели

 

Холандскиот парламент денеска ќе расправа за проширувањето на ЕУ и за  одлуката за започнување на преговори на Северна Македонија и Албанија, за пристапување кон Унијата, објавија холандски медиуми.

„Холандската влада ја дели оценката на Европската комисија дека владата на Македонија презеде многу позитивни чекори во изминатата година. Договорот од Преспа е пример за регионот и преземени се видливи чекори во реформската агенда. Продолжувањето на случаите на СЈО е обезбедено со нивниот трансфер во Јавното обвинителство. Значаен чекор што треба да се преземе е усвојување на закон што ќе гарантира независно гонење на можна идна корупција на највисоко ниво. За ова прашање има постојана интензивна консултација меѓу опозицијата и владата. Ова засега не донесе конкретен епилог“, пишува во писмото од министерот Блок до холандскиот парламент.