Холандскиот парламент рече „не“ за референдум за членството во ЕУ

Сподели

alg._beschouwingen_2013

Парламентот на Холандија денеска со големо мнозинство гласови ја отфрли иницијативата за организирање референдум за иднината на земјата во Европската Унија.

Предлогот за одржување референдум за излез на Холандија од ЕУ го поднесе лидерот на десничарската популистичка Партија на слободата, Герт Вилдерс, кој по одлуката на Британците да ја напуштат Унијата вети дека ако следната година биде избран за премиер, ќе спроведе референдум за ова прашање.

meta.mk