Христијанските верници го слават празникот Богојавление – Водици

Сподели

 

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

На овој ден во реките се положува светиот крст, а оној кој ќе го фати, се верува дека ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.