Хумана традиција на скопјани: По 20-ти пат ќе се дарува крв за Голема Богородица

Сподели

 

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, на 28 август, традиционално, по јубилеен 20-ти пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 9 до 17 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати.

Оваа акција веќе 19 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003 година, денеска, по 19 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4186 единици крв, или во просек 210 крводарители по акција.