Во сабота, на 25 февруари од 12 часот во ЗОО Скопје ќе се одржи хуманитарен настан со наслов “Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”.
Оваа сабота со поддршка од Градот Скопје, во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во земјотресот во Турција и Сирија. Да ја покажеме солидарноста на дело и заедно да донираме и помогнеме онаму каде што е најпотребно.
Собраните средства ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите во земјотресот на Црвениот Крст на Град Скопје, отворена за таа намена.
Програмскиот дел ќе го исполнат: Стела и Сани, ЗОО Азбука /ДКЦ Карпош
ќе им обраќње на спасувачи/волонтери кои помагаа во Турција, ќе даде свое учество и Градскиот мешан хор Вардар, а децата ќе ги дружи и забавува Слончето Халки.
Голема благодарност до нашите пријатели и соработници од МКЦ, Вива, Телеком, Халк Банка, Пелистерка, кои го поддржаа овој хуманитарен настан, како и до сите учесници.
Ве очекуваме во сабота во Скопје ЗОО и уште еднаш да покажеме дека сме хумани и солидарни!