Хуманитарна акција: СТОПЛИ СРЦЕ, ВЕЛИГДЕНСКА ТРПЕЗА ЗА СИТЕ!

Сподели

Хуманитарна акција- СТОПЛИ СРЦЕ, ВЕЛИГДЕНСКА ТРПЕЗА ЗА СИТЕ!

Група на хумани граѓани, традиционално пред Велигден собира донации за најзагрозените фамилии, со цел како што велат, барем малку да им го разубават најубавиот и најголем христијански празник.

„Ајде Македонијо, да се обединиме! Се приближува нашиот најголем и најубав празник Велигден, празник кога сите заедно со нашите семејства седнуваме на трпеза и го славиме Христосовото Воскресение. Празник кога нашите деца  ќе трчаат, ќе се смеат, ќе се кршат со јајца, ќе се радуваат…. За жал ова нема да биде во сите домови. Има многу семејства кои се тажни поради тоа што немаат ниту леб да стават на маса за празникот, а камо ли нешто повеќе. Повеќето од овие семејства се со деца, деца кои за жал се предвреме пораснати, доволно за да знаат дека нема да има шарени јајца, нема да има месо, нема сокчиња, нема благо, нема ништо. За нив Велигден, ќе биде обичен ден како и секој друг поминат во немаштија.

 

НИКОЈ НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА СЕДИ ГЛАДЕН ЗА ВЕЛИГДЕН! Затоа да станеме СИТЕ! Да купиме сите заедно по нешто за трпезите на овие луѓе, да не оставиме никого да гладува. Организирајте се во сите градови, имаме време до недела да им ја вратиме насмевката барем во овие празнични денови.

Во Скопје, донациите се собираат секој ден во Нано Бар (Дебар Маало) до 6-ти април. Може да донесете табли јајца, бои, стикери, велигденски украси. Донесете храна, сокови, чоколади, продукти кои што се потребни за готвење…

Донираните прехранбени производи ќе бидат доставени и распределени до најзагрозените семејства. Ги повикуваме сите хумани граѓани да бидат дел од оваа иницијатива.

Ајде да бидеме хумани и овој Велигден да им ги стоплиме срцата на тие што им е најпотребно!“