Според Светската здравствена организација депресијата до 2020 година ќе биде втор глобален проблем, односно прв проблем кај женската популација. Оваа клиничка состојба во последниот период е присутна и кај генералната популација, меѓутоа и кај адолесцентите поради стресниот и брз начин на живеење, поради тоа што сме изложени на многубројни стресогени ситуации, кои можат да се јават како фактор кој што тригерира појава на депресија, вели д-р Ана Филипче, од Клиниката за психијатрија. Педагогот Цеце Рангелова потенцира дека превенцијата која што ќе го опфати системот на здраво родителство, здраво образование и институции подготвени да прифатат доколку постои некаде проблем е начин како ја заштитиме младата личност од таква состојба.