ФИА воведе ново правило, сето тоа по познатите настани кои резултираа со депортација на Новак Џоковиќ од Австралија.
Возачите и луѓето кои ќе учествуваат во организацијата на трките во Формула 1 оваа сезона ќе мора да се вакцинираат против корона вирусот, соопштено е денеска.
Според одлуката на компанијата Либерти Медиа, која раководи со натпреварувањето, ќе треба да се вакцинираат сите кои работат во боксовите на тимовите на патеката – возачите, членовите на тимот, медиумите, работниците во организацијата и гостите кои присуствуваат на трките.
Според Би-Би-Си, оваа одлука не се очекува да влијае на возачите, бидејќи се верува дека сите се вакцинирани.
За минатогодишната трка во Остин, Тексас, беше задолжително сите да бидат ревакцинирани.
Би-Би-Си соопшти дека ФИА е подготвена да разгледа индивидуални исклучоци од случај до случај, доколку поединецот е подготвен за поригорозен режим на тестирање отколку целосно вакциниран.
Закрепнувањето од коронавирус нема да биде прифатено како исклучок.
Одлуката за задолжителна вакцинација ќе ги ублажи антиковид мерките во Формула 1. Зачестеноста на тестирањето ќе се намали, а во случај на позитивен тест, ќе се идентификуваат блиски контакти врз основа на националните барања.
Оваа сезона ќе се возат рекордни 23 трки, а шампионатот започнува на 20 март со трката за Големата награда на Бахреин.
Од почетокот на пандемијата, четворица возачи мораа да ги пропуштат трките поради корона вирусот – Серхио Перез, Ленс Строл, Луис Хамилтон и Кими Раиконен.
Надвор од натпреварувањето, заразени беа Шарл Леклер, Ландо Норис, Пјер Гасли и Никита Мазепин.
Се наведува дека нема да има медицински или какви било други исклучоци.
Ова и официјално е воведено во правилата на оваа организација и сите Формула 1 возачи се запознаени со новите правила.
The post И Формула 1 ги менува правилата поради Џоковиќ – Да не се повтори Австралија! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico