И за Ротшилд Фондацијата, “светскиот хуманизам е незамислив” без балканскиот Ерусалим

Сподели

 

“Без Охрид, не може да се замисли светскиот хуманизам”, пишува, во име на Ротшилд Фондацијата, Фредефрик Фапани (Frédéric Fappani von Lotringen), претседател на Фондацијта Интернационалeн центар за млади хуманисти, при Ротшилд Фондацијата од Париз, во честитката до академик Виктор Фридман, годинешен добитник на Светската награда на хуманизмот.

 

 

Фапани е иницијaтор на Наградата за млади светски хуманисти, која во изминативе неколку години ја добија, меѓудругите, Др Цендрик Оанкапоне (Dr Cedric Oankapone), млад лекар од Банги, Централна Африканска Република, кој спаси голем број животи за време на судирите во неговата земја, но и нашиот храбар јунак Марко Пејчиновски, кој, како од шега го препливува Охридското Езеро.

Истакнатиот мислител, филозофот Фапани, три пати бил во Охрид, како гостин по повод доделувањето на Светската награда на хуманизмот.

Во неговите написи, во најугледните светски медиуми, градот Охрид е “бисерот на светската цивилизација”.

-Не постои друг град во светот кој може да се нарече Центар на светскиот хуманизам. Подготвувам посебно издание за Охрид, на повеќе светски јазици, книга за хуманизмот и за Охрид, од Свети Климент до денес, која ќе биде промовирана догодина, на свечената инагурација на Спомен обележјето, со сите досегашни добитници.

Семејната династијата Ротшилди (Rothschild) од Франкфурт, Германија, ја основа Мајер Амшел Ротшилд, дворски Евреин, која во 19 век била најбогатото семејство во светот, врз основа на широк спектар дејности, пред се, во финасиските услуги, недвижностите, рударството, енергетиката, земјоделието и винарството, но и во хуманитарната дејност.

Веле Митаноски