Играчите со жалба до ФИБА: Не чини топката за Евробаскетот 2017

Сподели

Учесниците на Европското првенство во кошарка што стартува денеска, не се задоволни од официјалната топка за овој шампионат. Кошаркарите испратија писмо до претседателот на ФИБА, Хорасио Мураторе, во кое ги изнесуваат своите забелешки и незадоволството од изборот на официјалната топка.

Играчите во ФИБА се пожалија дека немаат доволно добра контрола на топката кога е во нивни посед што резултира со повеќе грешки и послаба реализација. Тие на Мураторе му препорачаа при следниот избор на официјалната топка за натпреварување од ваков ранг, во комисијата да бидат вклучени и активни кошаркари кои ќе го кажат своето мислење.

На Евробаскетот 2017 на кој заеднички домаќини се Турција, Израел, Романија и Финска, ќе се игра со топка „Молтен“.

ekipa.mk