ИЈЗ со препораки за граѓаните како да се однесуваат на високите температури

Сподели

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати неколку препораки за граѓаните како да се однесуваат на високите температури, односно како да се заштитат при топлотните бранови.

Високите температури ја влошуваат состојбата кај луѓето со кардиоваскуларни болести (разни срцеви тегоби, проблеми со крвниот притисок, тромбози), како и кај оние што имаат проблеми со дишните патишта и кај лицата со ментални заболувања и предизвикуваат зголемена смртност.

Проблеми се можни кај постарите лица, но и кај доенчињата и работниците на отворено.

Кај општата популација, може да се јават акутни проблеми од изложеноста на високи температури како сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви, функционални нарушувања на централниот нервен систем и други.

Треба да се преземат одредени мерки за да се спречат проблеми, препорачуваат од ИЈЗ.
Се препорачува за време на најтоплиот период во денот (од 10 до 17 часот) да се избегнува напорна физичка активност, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности, а и во поглед на некои други активности, препорачливо е да се завршуваат до 10 часот или по 17 часот.

Носете светла и лесна облека, зашто светлите бои ја рефлектираат светлината), а при директна изложеност на сонце, ставете заштитни очила и капа.

Останете во затворени климатизирани простори, на температура од 23 до 25 Целзиусови степени. Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.

Внесувајте големо количество течност, почнувајќи од обична вода, преку минерални води. Одбегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци.

Внесувајте помало количество храна. Избегнувајте мрсна и високо–калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер.

При неопходен престој на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.

Кога сте во возило, отворете прозорци за да овозможите циркулација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки, па не оставајте никого да чека во возилото!

Хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го
консултираат својот матичен лекар.

Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место колку што е можно побрзo измерете ја својата телесна температура. Веднаш напиjте се вода за да се рехидрирате.

Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на студено местои напијтесе течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.

Консултирате се со свјот доктор, доколку почуствувате невообичаени симптоми или ако симптомите траат подолго време!

Ако некој член на Вaшето семејество или лице на кое помагате има топла и сува кожа или е во бессознание, веднаш повикајте 194! Додека се чека итната медицинска помош префлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите; отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода. Мерете ја телесната температура. Не давајте терапија. Ако лицето е во бессознание (несвест), не треба да лежи на грб, свртете го на страна.

Други можни ризици по здравјето при високи температури се труење со храна и цревни заразни заболувања! Пред употреба задолжително е миење на свежиот зеленчук и овошје. Храната што се готви еднаш консумирајте ја, или ако тоа не го направите, оставате ја во фрижидер на  4 Целзиусови степени, а потоа пред јадење, загрејте ја до повеќе од 100 Целзиусови степени.

Избегнувајте производи кои термички не се обработени, и бидете внимателни со консумација на сладолед и разни кремови, велат препораките од Институтот за јавно здравје.