Илиевски: Call центар во општината за секое барање кое го имаат граѓаните

Сподели

 

Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, денеска на прес-конференција во центарот на Куманово изјави дека за Општина Куманово предвиден е и кол центар за било какво барање коешто го имаат граѓаните да се обратат на едно место во општината.

“Значајно е да се потенцира и дека за Општина Куманово е предвиден т.н. Кол центар, каде секој граѓанин ќе може со еден телефонски број веднаш да знае каде треба да се упати за одреден проблем. Во кол центарот ќе бидат поставени лица чија работна задача ќе биде телефонска комуникација со граѓаните секој ден во неделата, за да истите добијат информации во врска со своето барање, без разлика дали станува збор за инфраструктура, комунална дејност, социјална работа и сл.

СДСМ, локални избори