Илина Арсова стана прва жена од нашата земја и една од 60 во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти

Сподели

 

 

“Мисијата 7 врвови е завршена! Македонското знаме на врвот Винсон 4892м на Антарктикот со ладни раце, но топло срце.
Со ова искачување станав прва жена од нашата земја и една од 60 во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти (по Меснерова листа), како врвен успех во планинарските спортови. Незаборавно искуство и прекрасно чувство! Огромна благодарност до Агенција за Млади и Спорт и Федерација за планинарски спортови, како и сите останати поддржувачи, спонзори и пријатели кои веруваа и беа со мене. Нека ова биде поттик за сите вас да верувате во невозможното и да сонувате бидејќи со многу воља, упорност и труд, порано или подоцна соништата се остваруваат! ” – објави Илина Арсова на својот фб профил.

 

https://www.facebook.com/ossy.freire/videos/1996651700480273/

 

Во саботата наутрo, на 28 декември, нашата планинарка и алпинистка Илина Арсова која беше дел од меѓународна експедиција, го искачи врвот Винсон 4892 мнв. на Антартикот. Со ова искачување Илина Арсова стана прва жена од нашата земја и една од 60-те во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти (по Меснерова листа), како врвен успех во планинарските спортови. Со ова искачување Илина го комплетираше проектот „Seven Summits“, искачувајќи ги сите 7 највисоки врвови на 7-те континенти, исклучителен личен, клубски, национален и светски резултат.
Искрени Честитки на Илина Арсова за ова врвно планинарско достигнување! Огромен успех, подвиг за почит! Прегорди сме на тебе!!!

Илина Арсова успешно го комплетираше проектот 7 највисоки врвови на 7 континенти. Честитки до целата експедиција.

denesmagazin.mk