Илир Мета положи заклетва како нов претседател на Албанија

Сподели

Новиот претседател на Албанија, Илир Мета, формално стапи на должност положувајќи заклетва за време на вонредното заседавање на парламентот.

Мета денеска свечено вети дека ќе го „почитува Уставот и законите на земјата, дека ќе ги почитува правата и слободите на граѓаните, дека ќе ја брани независноста на Албанија и дека ќе служи на општ интерес и просперитет на албанскиот народ“.

Поранешниот претседател на парламентот и лидер на Социјалистичкото движење за интеграција, беше избран за фукнцијата председател на државата од страна на парламентот во април годинава.
Претседателот во Албанија има претежно церемонијална улога и може да има два петгодишни мандати.