Индонезија се подготвува за промена на главниот град

Сподели

Индонезија, поради неповолните фактори во Џакарта, но и со цел развивање на останатите подрачја, изработува проект за промена на главниот град, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за планирање на националниот развој на Индонезија соопшти дека поради ризикот од земјотреси во Џакарта, поради поплавите и проблемите во сообраќајот, но и поради економски развој на останатите подрачја, изработува проект за менување на главниот град на земјата.

Се очекува листата на градови-кандидати да биде формирана до крајот на годината.

Голема е можноста градот Паланкараја да биде избран за главен град. Она што оди во корист на овој град е поголемата површина од моменталниот главен град, богатството со природни ресурси, како и можноста за планиран развој против проблемите во сообраќајот и во инфраструктурата.

Паланкараја се најде во фокусот на вниманието во 1950 година, кога беше избрана за главен град на провинцијата Централен Калимантан.