Барањето за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов која ја поднесе пратеничката група на СДСМ досега ја потпишале вкупно 52 пратеника, што е доволно за да може да се почне процедурата за импичмент.
Како што информираат од пратеничката група на опозицијата, иницијативата за импичмент на Иванов ја потпишале пратениците од СДСМ и коалиционите партнери, 16 пратеници од ДУИ, независните пратеници, Лилјана Поповска од ДОМ и Павле Трајанов од Демократски сојуз.
Овие потписи се доволно за иницијативата да влезе во собраниска процедура, но засега нема двотретинско мнозинство, односно 82 гласа, кое е потребно за оваа иницијатива да има позитивен епилог.
Барањето на СДСМ беше поднесено на 13 април, а претседателот на Собранието е должен за оваа иницијатива да формира комисија, која за седум дена од формирањето мора да даде извештај.
Парламентот ќе мора да заседава за седум дена од поднесувањето на извештајот.
Пратениците ќе расправаат за оваа иницијатива, а на седницата претседателот на државата може да одговори и писмено или лично да се обрати пред пратениците.
Иницијативата за импичментот на Иванов влезе во собраниска процедура