Во работна посета на Државниот архив денеска беше амбасадорот на Шпанија во Република Северна Македонија, Хосе Луис Лозано Гарсија, кој се сретна со директорот, д-р Емил Крстески.
Двајцата соговорници разговараа за можностите за проширување на соработката на Архивите на двете земји, особено во делот на процесот на дигитализација и за можностите за активна поддршка во таа насока за Државниот архив од страна на Шпанија, земја која во втората половина на 2023 година ќе претседава со Европската Унија.
На оваа средба директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески го истакна и нашиот интерес за документи од шпанскиот архив, во кои се споменува Македонија и нејзините учесници во Шпанската граѓанска војна.