На средбата на директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески со амбасадорот на Република Турција во нашата земја, Хасан Мехмет Секизќок, беше заеднички констатирано дека односите и соработката меѓу Државните архиви на двете земји се одвива на високо професионално ниво.
“Од Турција добиваме значајна поддршка за функционирањето на нашето Одделение за отоманскиот период, како и за престој на наши истражувачи во Истанбул, зашто голем број историски документи поврзани со Македонија се наоѓаат токму во турските архиви, а кои се однесуваат на периодот кога Македонија била покраина и дел од таа Империја” – изјави по средбата директорот, д-р Емил Крстески, истакнувајќи дека со турскиот амбасадор е иницирано таа соработка и натаму да продолжи со засилен интензитет.