Собранието на Република Македонија денеска на пленарна седница треба да ја почне расправата за интерпелациите што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги поднесоа за министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и за надворешни работи, Љупчо Николовски, Мила Царовска и Никола Димитров.
Во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците продолжува расправата за Законот за употреба на јазиците, кој е со европско знаменце и се носи по скратена постапка.
Комисијата за труд и социјлна политика ја продолжува работата по предлог законите за минимална плата и за стечајците, кои се во второ читање, додека на дневен ред на Комисијата за култура, меѓу другите, се и предлог-измените на Законот за употреба на македонскиот јазик.