На 18 јуни, во Скопје за првпат ќе се одржи заеднички Интерсекциски симпозиум на македонското и српското Здружение на кардијална, торакална, васкуларна и ендоваскуларна хирургија “Современи хируршки пристапи”.
Иницијативата за овој настан е на Проф. Д-р.Сашко Јовев, кој преку меѓусебна научна, техничка и практична поддршка, едукација на младите кадри, напредок на субспецијалностите и членовите на здружението низ разни симозиуми, конгреси, тренинзи и останат вид на поддршка, цели кон соработка со здруженија од регионот и пошироко.
“Македонското здружение за Кардијална, Торакална, Васкуларна и Ендоваскуларна Хирургија постои две години и истото беше оформено непосредно пред пандемијата со Covid 19 и поради тоа истото нeмаше услови за поголема активност во изминатиот период. Оттаму, ова е првата можност за реално заживување на активностите на нашето здружение, а се надеваме дека наскоро, ќе бидеме во можност да го одржиме и првиот конгрес со меѓународно учество” – изјави Проф. Д-р.Сашко Јовев.
Предавачи на симпозиумот ќе бидат еминентни професори од областа на кардиоваскуларната и ендоваскуларната хирургија од регионот кои што имаат голем придонес на ниво на европските и светските регулативи од оваа медицинска гранка.
Настанот ќе се одржи во Hotel DoubleTree by Hilton.