Интервју на претседателот Стево Пендаровски во „Само интервју“

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски во „Само интервју“ на телевизијата Канал 5 ги изнесе своите ставови за политичките случувања во земјава, а во пресрет на формирање на новата техничка Влада, за состојбите во правосудството, владеењето на правото и корупцијата, измените на Кривичниот законик, оправданоста од уставни измени, а воедно ги коментираше и последните одлуки донесени на Советот на Европската Унија.

Во интервјуто, претседателот се осврна и на донесените одлуки и случувања во неговиот досегашен мандат, Францускиот предлог, односите со Бугарија и натамошните перспективи на земјата.

.

Претседателот Пендаровски ги образложи и неговите гледишта во однос на можна повторна кандидатура на претстојните претседателски избори.