Иран: Ќерката на Сулејмани се закани на американските војници на Блискиот исток

Сподели

 

Зеинаб Сулејмани, ќерката на иранскиот генерал Касим Сулејмани, убиен во воздушниот напад на САД во Багдад, се закани со напад врз американските воени сили на Блискиот исток – пренесе МИА.

– Семејствата на американските војници на Блискиот исток ќе поминат денови во очекување на смртта на нивните деца, рече таа, обраќајќи се пред стотици илјади луѓе за време на погребната поворка за нејзиниот татко во Техеран.

 

 

Исто така, генералот Исмаил Гани, кој го замени Сулејмани на лидерското место на елитната единица Кудс, вети дека ќе се одмазди.

– Семоќниот Бог вети дека ќе се одмазди, а Бог е главниот одмаздник. Секако ќе се преземат активности, рече Гани во интервју за Иранската државна телевизија.

МИА