Групата “Iron Maiden” по успешната светска турнеја 2016/2017, во рамките на промоцијата на својот 16. студиски албум „The Book of Souls“, следната година повторно тргнува на турнеја.
Турнејата под име „Legacy of The Beast“ ќе почне во Талин, Естонија на 26. мај, а ќе заврши во 02 Арената во Лондон на 10 август.
Во рамки на турнејата “Iron Maiden” на Балканот ќе настапи во Атина на 20. јули, во Пловдив на 22. јули и во Загреб на 24 јули.
Концептот на турнејата „Legacy of The Beast“ е испириран од истоимената видео игра и стрип, а на сцената ќе има различни, но меѓусебно поврзани „светови“ пропратени со хитови од 80-тите години, но и од подоцнежните албуми.