“Дури и да не добие Оскар, исклучителна реткост е што воопшто гледаме ваква суптилна кинематографска уметност да биде признаена, но и закитена со двојна номинација, што само по себе го прави „Медена земја“ потполно нов тип на победник…“ – Ерик Кон за „Инди Вајр“
Филмот вечерва се прикажува во Тетово, Kinoverzum.mk – 3D кино во Свети Николе, Cineplexx MK и во Градско Кино Милениум. 📽
Преносот од доделувањето на Оскарите ќе започне околу полноќ на Телма, а групно следење ќе има во Младински Културен Центар.
Режисерката Тамара Котевска и режисерот Љубомир Стефанов учествуваа и во пред-оскаровски панел со останатите автори на филмовите номинирани во категоријата „Најдобар интернационален филм“. „Медена земја“ е единствениот документарен филм номиниран во оваа категорија.
Во продолжение, погледнете го разговорот во кој учествуваат и Јан Комаса, режисерот на „Корпус Кристи“, Лаџ Лу, режисерот на „Клетници“,
Педро Алмодовар, режисерот на „Болка и слава“ и Бонг Џун Хо режисерот на „Паразит“.