Исплата на парите од „Мој ДДВ“ во текот на ноември

Сподели

 

Граѓаните кои скенирале фискални сметки од јули, август и спетември, ќе ги добијат парите за фискалните купони скенирани во текот на месец ноември.

“Ве известуваме дека плаќањето од „Мој ДДВ“ се врши во рок од 60 дена, по завршувањето на календарскиот квартал во кој е издадена фискалната сметка. За третиот квартал (јули, август, септември) 2023 година, исплатата ќе се изврши во ноември”, информираат од УЈП.