Истрага за терористичкиот напад во клубот „Реина“ во Истанбул

Сподели

Во рамките на истрагата за терористичкиот напад од новогодишната ноќ во клубот „Реина“, во истанбулсккиот кварт Ораќој, одреден е притвор за 11 жени за кои се смета дека членуваат во терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).

Од вкупно 21 осомничено лице кои на 4. јануари беа приведени во Измир во рамките на истрагата за терористичкиот напад, а за кои се смета дека се членови на ДЕАШ, судот во Измир одреди притвор за 11 женски лица од странско потекло.

Постои сомнеж дека осомничените лица се поврзани со терористичкиот напад во клубот „Реина“ во квартот Ортакој. Кај странските државјанки се пронајдени фалсификувани пасоши и сириски документи.

Постои сомнеж дека планирале да изведат терористички напад на туристички локации во Измир.

Во рамките на истата операција сѐ уште трае истрагата во врска со десет мажи.