ИТАЛИЈА: 247 ЖРТВИ, СТОТИЦИ ПОВРЕДЕНИ, А ЗЕМЈАТА СЕ УШТЕ СЕ ТРЕСЕ

Сподели

ZEMJ2

Бројот на загинатите во земјотресот што го погоди централниот дел на Италија се зголеми на 247 лица, од кои 190 загинале во областа Лацио, а 57 во областа Марке, соопшти италијанската агенција за цивилна заштита.

Италијанската Агенција за цивилна заштита соопшти дека спасувачите и натаму трагаат по преживеани од под урнатините на девастираните планински села.

Стотици лица се повредени, од кои поголемиот број се во хаотична состојба, пренесуваат француските медиуми.

Не е познат бројот на преживеани и загинати, кои се уште се наоѓаат под урнатините.

Утринава, во истиот регион е регистриран нов земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Италијанскиот премиер Матео Ренци синоќа најави дека денеска ќе се прогласи вонредна состојба.