Последната изјава на официјалните власти на Италија потврдија дека бројката на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Централна Италија достигна 37 лице, а бројот на исчезнати и повредени се уште не се знае, пренесува repubblica.it
– Спасувачките екипи најпрво ќе се фокусираат на извлекување на луѓето од урнатините и на спасување на нивните животи – изјавил првиот човек на италијанската цивилна заштита, Фабрицио Курчо, за италијанските медиуми.
Портпаролот на италијанскиот Црвен крст, Томазо дела Лонга, рече дека малиот град Аматриче е речиси комплетно уништен.
– Голем број луѓе пребаруваат и спасуваат луѓе под урнатините. Треба да разберете дека се работи за мало гратче во Централна Италија, кое е меѓу планини и има куќи на кои им треба помош. Проблем со кој во моментов се соочуваме е логистичката поддршка. Многу луѓе се дојдени на одмор овде, така што немаме прецизна бројка на затрупани и на загинати – додаде Дела Лонга.
Централна Италија утринава ја погоди земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.