ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (АА) – Советот за безбеднсот на Обединетите нации во врска со нападите врз цивилното население во Алепо одлучи итно да се состане, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Обединетите нации беше наведено дека состанокот ќе се реализира денес во 11.00 часот по локално време, и дека истиот ќе биде отворен за медиумите.
Се соопштува дека состанокот бил побаран од страна на САД, Франција и Велика Британија.
Во рамките на разговорите на Генералното собрание на ОН, Советот за Безбедност одржа седница на 21 септември, на којашто министрите за надворешни работи на САД и Русија меѓусебно се обвинуваа, и на којашто не е регистриран одреден конкретен напредок по прашањето за Сирија.
Исто така, оваа недела во Њјуорк во два наврати беше одржана средба на членовите на Меѓународната група за поддршка на Сирија, но и на овие средби немаше конкретна одлука за продолжување на договорот за прекин на судирите.
Инаку, од 19 септември како резултат на воздушните напади врз цивилното население од страна на режимот на Асад и руската војска, животот го загубија 323 цивили, а повредени се околу 1.323 лица.