Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска оствари средба со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија.
На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во земјата, соопшти Кабинетот на претседателот.
Амбасадорот Жбогар, како што стои, ги пренел ставовите на Европската унија во врска со ова прашање.
Претседателот Иванов му посочи на амбасадорот Жбогар дека по добивањето на официјално известување од страна на Собранието на Република Македонија дека не е поднесена програма и предлог за состав на нова Влада, ќе отпочне консултации со надлежните институции и политичките партии.
Извор: Libertas.mk