Иванов од Владата побарал средства за користење канцеларии по престанокот на функцијата

Сподели

Кабинетот на претседателот во заминување Ѓорге Иванов побарал од владината Служба за општи и заеднички работи да му бидат доделени канцеларии што ќе ги користи по престанокот на функцијата. Иванов веќе обезбедил канцелариски простор, а барањето, како што наведуваат од службата ќе му биде одобрено.

Иванов согласно законот по завршување на функцијата, има право на пензија, канцеларија, лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач. Мандатот на Иванов истекува в недела.