Иванов: СЈО е одговорно за атмосферата на конфликт

Сподели

Gjorge-Ivanov

Претседателот Ѓорге Иванов се уште смета дека одлуката за помилување е исправна, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Иванов, на прашање на весникот дали повторно би донесол одлука за помилувања, вели:„Да!“.

– Оваа атмосфера на конфликт е дело на Специјалното обвинителство. Тоа истражува селективно само против владејачката партија – вели Иванов, додавајќи дека опозицијата, не успеала да победи на избори сега се обидува да дојде на власт на поинаков начин.

Според Иванов, сегашната криза претставува ново поглавје во приказната која трае повеќе од сто години.

– Фракционерските борби во ВМРО некогаш биле разгорувани од страна на соседите, така и денес македонско-македонскиот конфликт е дело на надворешни сили… Поради спорот со името, Грција спречува прием на Македонија во НАТО и почеток на преговори за приклучување во ЕУ, иако Европската комисија веќе седум години препорачува почеток на преговори. Тоа е вистинската причина за фрустрацијата на младата генерација – вели Иванов.

Иванов: СЈО е одговорно за атмосферата на конфликт