Последното пребројување на бројот на неважечки ливчиња на вчерашното гласање стаса до 38.712, што е повеќе од гласовите што ги освоиле ДПА, Коалицијата за промени и правда, ПДП, ВМРО за Македонија, Левица.
За споредба на изборите во 2014 година неважечки биле 23.428 гласачки ливчиња, а во 2011 бил 31.985. На претседателските избори во 2009 година имало дури 45.513 неважечки ливчиња.