Избори во Хрватска: Започна предизборниот молк и гласањето во странство

Сподели

thumbs_b_c_dd505333b942097b9ccdda483b3528ec

ЗАГРЕБ (AA) – Предвремените парламентарни избори во Република Хрваска се одржуваат во недела на 11 септември, само десет месеци од поминатите избори после кои е формирана нестабилната влада на ХДЗ и Мост. Изборите во дијаспората веќе започнаа, јавува Anadolu Agency (AA).

На изборите на 11 септември правно на глас имаат вкупно 3,8 милиони гласачи во земјата и дијаспората. Со живеалиште во Хрватска, според општините и градовите, за овие избори се запишани 3.740.200 гласачи. Без живеалиште во Хрватска, за изборите се регистрирани 59.404 гласачи, а за парламентарните избори минатата година беа 36.276.

Во Република Хрватска предизборниот молк започна на полноќ од петок на сабота, 24 часа пред датумот на изборите, во која нема било кој облик на партиско огласување и сугестија кон гласачите.

Според спроведените анкети, во изброната ноќ нема да има апсолутен победник, туку како и минатите избори, ќе се тргне во составување на собраниско мнозинство во кое ќе успее еден од најголемите два ривали, а тоа се ХДЗ и Народната коалиција предводена од СДП. И покрај шпекулациите за можноста за голема коалиција на ХДЗ и СДП, челниците на тие партии до сега ја отфрлаат таквата можност.

Народната коалиција која според анкетите ќе добие највеќе 65 пратеници, додека ХДЗ кој излегува на изборите сам ќе има околу 60 мандати.

Анкетите велат дека третата опција со највеќе гласови ќе биде Мост кој ќе освои од 10 до 15 пратенички места, потоа следуваат Партијата на работата и солидарноста и Живи sид, како и партиите Паметно, а тука е и ХДССБ.

Гласачите ќе имаат можност да гласаат на 6.947 изборни места, а гласачите кои се припадници на националното малцинство имаат право да гласаат за кандидатите во XII изборна единица.

Гласачите имаат право на преференцијално гласање, што значи дека на листата можат да изберат едно име и презиме кое со додатно заокружување ќе добие преференциски глас.

Ќе се гласа и во 49 држави во кои живее хрватската дијаспора и државјаните кои во 11-та изборна единица ќе бираат 3 пратеници на вкупно 115 изборни места.