ИЗБОРИТЕ ОДЛОЖЕНИ

Сподели

izbori

Во понеделникот, на 16-ти мај, требаше да започне изборната кампања за вонредните парламентарни избори, закажани за 5-ти јуни. На овие избори се пријави само владејачката ВМРО-ДПМНЕ, додека македонските опозициски партии, на кои подоцна се приклучија и албанските, одбија да земат учество со образложение дека не се создадени услови за легитимен изборен натпревар.

Но, веќе следниот ден, Уставниот суд ја стопира одлуката за самораспуштање на македонскиот парламент, кој што на итна седница изгласа одлагање на изборите на одредено време, поради што изборната кампања прекина пред и да започне!