Избрани победниците на регионалниот конкурс „Бибер“

Сподели

 

Жирито на регионалниот конкурс за краток расказ „Бибер“, во состав Калина МалескаЛејла Каламујиќ и Оља Савичевиќ Иванчевиќ, донесе одлука за наградите и избра 25 раскази кои ќе бидат објавени во повеќејазичниот зборник. 

Авторките и авторите на овие раскази се: Аида Сечиќ Незиревиќ од Сараево, Албина Идризи од Гњилане, Амина Каја од Приштина, Ана Југо од Виена, Ана Кутлеша од Загреб, Андреа Хрибар Ливада од Загреб, Аница Марцелиќ од Запрешиќ, Анте Сториќ од Шибеник, Дражана Марковиќ Крезиќ, Дубравка Тинтор од Вишково, Душан Радаковиќ од Зрењанин, Ена Катарина Халер од Загреб, Ернад Осмиќ од Брчко, Горан Јанковиќ од Љубљана, Лана Буњевац од Загреб, Лидија Дедуш од Вараждин, Милош Перишиќ од Аранѓеловац, Наида Мујкиќ од Добој, Сања Мучкајева Видановска од Битола, Сенад Јусиќ од Бугојно, Слаѓана Нина Перковиќ од Бања Лука, Срѓан Милијевиќ од Белград, Тена Лончаревиќ од Жупања, Василије Перовиќ од Белград и Весна Тодоровска од Куманово.

„Бибер“ е конкурс за краток, ангажиран расказ на албански, македонски, босански, хрватски, српски и црногорски јазик. Петтиот конкурс „Бибер“ беше отворен од 10.12.2021 до 1.6.2022. На конкурсот стигнаа вкупно 473 дела (387 на БХСЦ јазик, 69 на македонски и 17 на албански јазик). Темата на конкурсот е помирување во контекст на заоставштината на војните и насилството во земјите на поранешна Југославија, а доаѓаат предвид и раскази кои можат да придонесат за подобро разбирање меѓу луѓето, намалување на омразата и разградување на предрасудите, антивоени раскази, раскази кои се занимаваат со соочување со минатото, разградување на сликата за непријателите, сочувство за другите, храбри раскази кои се осмелуваат да одат во чевлите на „непријателот“, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат патишта да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите. Конкурсот го организира тимот „Бибер“ на Центарот за ненасилна акција Сараево-Белград.

Очекуваме повеќејазичната збирка раскази да биде објавена до март 2023 година (кога сите преводи на расказите ќе бидат готови).

Им се заблагодаруваме на сите учеснички и учесници на конкурсот кои ја поддржаа оваа идеја и се пријавија. Му се заблагодаруваме на феноменалното жири на одличната соработка, како и на нашиот вреден и незаменлив тим кој ја правеше претселекцијата, соопштуваат од тимот на Бибер.

прва награда: „Доба на митарење“, на авторката Ана Кутлеша;

втора награда: „Фертик“, на авторката Лидија Дедуш;

трета награда: „Земја на среќата“, на авторот Анте Сториќ и „Зборови“ на авторот Милош Перишиќ.

Освен наведените, во зборникот ќе бидат објавени и расказите на следните автори и авторки: Сенад Јусиќ, Ернад Осмиќ, Слаѓана Нина Перковиќ, Аница Марцелиќ, Аида Сечиќ Незиревиќ, Тена Лончаревиќ, Андреа Хрибар Ливада, Наида Мујкиќ, Албина Идризи, Весна Тодоровска, Срѓан Милијевиќ, Ана Југо, Лана Буњевац, Дубравка Тинтор, Ена Катарина Халер, Горан Јанковиќ, Василије Перовиќ, Дражана Марковиќ Крезиќ, Амина Каја и Сања Мучкајева Видановска.

Годинашниот избор на раскази тематски се движи од отворено соочување со болното минато (често прикажано од перспектива на децата и младите, што е очекувано со оглед на генерациската припадност на авторките и авторите) до некои нови предизвици кои ги носи современоста. Позитивен впечаток ни остави храброста искажана во голем број раскази – обидот „да се оди во туѓи чевли“; пишувањето од перспектива на „онаа друга страна“, било таа перспектива да припаѓа на друг род, светоглед, националност или генерација.