Избркани посетители од скопската ЗОО – не ги почитувале правилата

Сподели

Десет посетители биле избркани денеска од Зоолошката градина во Скопје, поради непочитување на кодексот на однесување.

Во скопската Зоолошка градина од средата на неколку локации се поставени табли со кодекс на однесување, со кој на посетителите им се укажува дека доколку ги хранат, вознемируваат или фрлаат ѓубре во животинските живеалишта можат да бидат казнети и отстранети од Градината.

– Почнавме со кампањата „За здрави и среќни животни“ за подигнување на свеста кај посетителите, и  за зашита на животните. Причина за тоа се несовесните граѓани кои и покрај предупредувањата, на животните им даваат висококалорична храна, но фрлаат и отпадоци кои можат да го загрозат нивниот живот. Нашите животни се хранат со здрава храна, редовно и по нормативи. Секој жител на Зоолошката има свое мени, а исхраната е составена само од висококвалитетна храна богата со витамини, минерали, протеини, соопштија од Зоолошката градина.