Изградбата на когенеративната централа значително ќе го намали загадувањето на воздухот

Сподели

Загадувањето на воздухот не е проблем од вчера и за кој може да се изнајдат инстант решенија кои магично ќе го прочистат.цТоа е комплексен проблем кој бара системски и долгорочен пристап, со конкретни мерки и проекти, и поголеми вложувања во животната средина со цел намалување на загадувањето.

Но, состојбата со загадениот воздух, посебно во Скопје, е таква каква што е затоа што СДС седум години на власт ништо не направија во овој поглед.

Решавањето на проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух бара системското делување и големите вложувања во заштита на животната средина кои ќе ги исклучат главните фактори на загадување.

ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе големи системски мерки и ќе спроведе детален план кој ќе резултира со намалување на загаденоста на воздухот и здрава животна средина.

Главен столб во тој план е и стратешка инвестиција на гасна когенеративна централа, која ќе обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста, а во исто време ќе произведува електрична енергија која ќе се користи во стопанството. И за таа намена, Владата ќе даде значителни субвенции кои ја поттикнат и забрзаат изградбата на централата.

Промените веќе се случуваат и за период од околу еден и пол мандат власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе се почувствуваат резултатите со почиста животна средина и почист воздух.

ВМРО-ДПМНЕ, соопштение