-“Заев е спремен да ги замолчи пратениците се со цел оној кој молчеше во собранието да го избере за претседател. Заев денеска без трошка чувство за државност и разум повикува да се формираат параинституции и со тоа го девалвира Собранието, Уставот, законите и демократијата. Тоа е повик за тензии, за конфликт и за државен удар. Таквиот повик за конфликт може да предизвика голема штета и долгорочни последици за стабилноста во Македонија. Народот нема да седи мирно и да гледа некој како ја суспендира демократијата и институциите во државата. Народот е на нозе. Македонија се буди. Ако смета Заев дека СДСМ ќе добие 70 пратеници на брзи парламентарни избори не гледам причина зошто не се согласува на избори.”