– “Јавната тајна дека на дел од факултетите во Скопје и дел од професорите во Скопје, постои чување на монополот, чување на фамилијарните релации и потврдената фактичка состојба со акцијата на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи со која што беа уапсени видни професори од Економскиот факултет во Скопје, ни дава право да кажеме дека дискусијата и дебатата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу новиот Универзитет „Дамјан Груев“ се сведува на дискусија и дебата дали во Македонија треба да го заштитиме монополот на поедини факултети и поедни професори како што се залага СДСМ или пак треба да дозволиме да ја стимулираме и да ја помогнеме конкуренцијата за која што се залага ВМРО-ДПМНЕ”.