„И во оваа прилика би сакала да истакнам дека законскиот мандат на Специјалното јавно обвинителство не е изминат и од тие причини изразуваме уверување дека во пракса ќе се превземат мерки за целосна имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор усвоена од Владата на Република Македонија и дека во најскоро време и ова Јавно обвинителство ќе постапува согласно роковите предвидени во Законот за кривична постапка и Кривичниот Законик, што е неопходно потребно и за ова Јавно обвинителство во функција на успешно остварување на неговата основна цел и мисија.”
Изјави, Катица Јанева