ИЗЈАВИ: МЕНДУХ ТАЧИ

Сподели

menduh-thaci

“По средбите на македонските политички лидери со германскиот специјален преставник Јоханес Хајндл и со заменичката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, работите околу можните решенија за излез од политичката криза и датумот за избори ќе станат поизвесни. Странските преставници кои посредуваат во решавањето на кризата треба да имаат поцврст став, да не ги толерираат разните барања и желби на политичките партии. На тој начин ќе се постигне решение и ќе се стави точка на кризата. Но, тие се претпазливи и ги толерираат политичките партии, за да не излезат на површина меѓуетничките прашања, кои како вистински проблеми уште повеќе би ја продлабочиле кризата во земјава. “