ИЗЈАВИ: ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ

Сподели

silegov

“Наместо да излезе во пресрет на оправданите барања на судската администрација, власта се обидува да ги казни вработените со намалување на платите за дури 60 отсто. Не може кон вработените во судот да се применува законот само кога се во прашање нивните обврски, а да не се применува кога се во прашање нивните права. Законот треба да се применува целосно, а не селективно. Зголемувањето на платите на 35 отсто се однесуваше само на судиите и на јавните обвинители, но не и на судската администрација. На овие луѓе не им беа зголемени платите иако нормата на сработени предмети им се зголеми за повеќе од 95 отсто. Само независно, непристрасно и ефикасно судство може да создаде амбиент на почитување на човековите права и еднаквост на сите граѓани пред Уставот, законите и пред институциите. СДСМ се обврзува по промените да ги зголеми платите на судската администрација, а ќе воведе и флексибилно работно време што ќе почнува од 7.30 часот. Судството во Македонија мора и ќе биде независна трета власт. Судството нема да зависи од партиите туку ќе го штити законот, правата на граѓаните и уставниот поредок.”