ИЗЈАВИ: РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА

Сподели

Radmila-Shekerinska-860x680

 

„На Македонија ѝ треба и поинаква политичка култура. Македонија не се политичките партии, ниту една, ниту четири, туку нејзините граѓани. И за нив, партиската држава во каква што се претвори Република Македонија е лоша држава. Затоа сметаме дека дел од промените во Македонија се токму промените во овој дел. Промените кои сметаме дека треба да ѝ се случат ги почнуваме и ги почнавме и од себе. Затоа, СДСМ јавно упатува повик до сите поединци – професионалци, професионални новинарски здруженија, граѓански организации, сами да се кандидираат или да кандидираат други професионалци од оваа област за членови во ад хок телото што ќе врши контрола и надзор на однесувањето на медиумите во целиот предизборен период. Истиот повик го упатуваме и во поглед на кандидати за главен и одговорен уредник на Македонската телевизија. Граѓаните имаат право да ја слушнат вистината, а не само партиски платени лаги“.